Услови на употреба

From Wikimedia Foundation Governance Wiki
Revision as of 20:23, 27 April 2012 by Thehelpfulone (talk | contribs) (until it's translated)

По значајни дискусии и размислувања од историска важност, Условите на употреба на Викимедија претрпеа измени. Новата преработена верзија стапува на сила на 25 мај 2012.

Подновената верзија на Условите на употреба е производ на особен соработен процес кој опфаќа над 200 уредувања и 4500 реда дискусија. Во текот на повеќе од 140 дена, заедницата на Викимедија ги разгледуваше, скицираше и преработуваше предложените измени на Условите, така решавајќи над 120 проблеми. Досега ниедно мрежно место ги нема преработувано условите на употреба на таков масовен заеднички начин. Процесот на забелешки и преработки заврши на 31 декември 2011. Одборот на доверители формално го одобри конечниот нацрт на условите на 6 март 2012. Меѓу останатото, овие услови предвидуваат:

  • Полесна разбирливост: Преработениот договор има прегледен разбирлив краток опис што дава брза и лесна претстава за условите.
  • Подобрена безбедост: Преработените услови забрануваат разни непожелни постапки како инсталација на злонамерни програми што може да им наштетат на системите на Викимедија. Иако овие ограничувања не претставуваат измена во правилата, сега јасно даваат на знаење кои постапки се неприфатливи.
  • Јасни улоги: Како одговор на барањата за советување, преработениот договор јасно ги изложува улогите и обврските на членовите на заедницата, вклучувајќи ги уредниците и учесниците. Вака корисниците добиваат напатствија со кои би се избегнале неволји.
  • Поголемо учество на заедницата: Во своите одредби, преработениот договор гарантира дека идните преработки на Условите ќе се вршат со опширни советувата и дискусии. Корисниците имаат период на учество од барем 30 дена пред да стапат на сила покрупните промени (со одобрение на Одборот). Посто тридневен исклучок доколку се јави потреба од итни правни и административни измени.
  • Појасно слободно лиценцирање: Според некои учесници, претходните Услови не беа секаде сосем јасни при излагањето на предусловите за слободно лиценцирање. Овие предуслови се подобро објаснети во преработениот договор (без измени на постоечките практики).
  • Повееќе алатки против малтретирање, закани, демнење, вандализам и други долготрајни проблеми: Во условите, ваквите чинови се наведени како изрично забранети. Новина на Викимедија е тоа што преработениот договор ја предвидува и можноста за глобална забрана за сторителите на крајно штетни прекршоци на повеќе викија, како одговор на претставките добиени од разни членови на заедницата. Иако глобалните забрани се предвидени со овие услови, нивната примена ќе зависи од правилата на конкретните заедници.
  • Подобра правна заштита: Преработените услови предвидуваат правни одредби за заштита на нашите проекти, давајќи подобро образложение за статусот на нашето вдомување како и оградувањата од и ограничувањата на одговорноста на Фондацијата.

Треба да се спомене дека ние сме доследни на начелата по кои се водат и други истомисленички организации како Internet Archive, Криејтив комонс, Mozilla Firefox, иницијативата Open Source, Проектот „Гутенберг“, Фондацијата Linux, Stack Exchange, Wikispaces и WordPress.com.

Без вложениот труд и стручност на нашата заедница, овој проект ќе беше невозможен. Го поздравуваме нејзиното учество во овој иновативен потфат, кој вроди со најмасовно и најсоработно осмислените услови на едно мрежно место, повеќе од било кое друго на светот.