Jimmy Thank You/mk
Благодарница од Џими Велс - основач на Википедија
Восхитен сум. Не знам да кажам... Ви благодарам.
Штотуку заврши најуспешната кампања за средства во нашата историја - собравме 16 милиони долари за помалку од 8 недели.
Неверојатно. Но ова не ме изненадува.
Во 2001 г. се обложив со голема довереба во човештвото, а вие никогаш не ме изневеривте.
Ја создадовте најголемата збирка на сознанија во историјата: 19 милиони енциклопедиски статии на 270 јазици - збирка која секојдневно сè повеќе расте и се подобрува. Вие ја поддржавте, финансиравте и заштитивте.
Википедија не ја плаќаат реклами, туку вие самите. Таа е петта најпосетена страница во светот – со 400 милиони посетители во изминатиот месец – а ние ги подмируваме трошоците за опслужувачи и го плаќаме нашиот мал персонал исклучиво од добротворни прилози.
Википедија и понатаму останува бесплатна, слободна и без реклами благодарение на вашите донации. Со помош на овие доброволни прилози ние и понатаму можеме го распространуваме слободниот пристап до сознанија ширум целиот свет.
Ви благодарам за сето она што го давате од себе за Википедија да биде стварност. Вашите коментари ме поттикнаа, и се чувствувам почестен што сведочам на вашата страст за Википедија.
Ова е чудесна приказна. Една и единствена на светов.
Доколку сè уште немате дадено прилог, знајте дека не е предоцна. Сè уште можете да донирате во поддршка на слободното и отворено споделување на сознанија. Едноставно стиснете тука.
Уште еднаш, Ви благодарам.
Џими Велс
Основач на Википедија