Problems donating/mk

From the Wikimedia Foundation
Jump to: navigation, search

In other languages English  · العربية · català · čeština · Cymraeg · dansk · Deutsch · English · español · suomi · français · עברית · magyar · Bahasa Indonesia · italiano · 日本語 · latviešu · македонски · മലയാളം · norsk bokmål · Nederlands · polski · português · português do Brasil · română · русский · slovenčina · slovenščina · shqip · svenska · ไทย · Türkçe · українська · Tiếng Việt · 中文(简体)‎


Доколку имате проблеми со прилогот или сакате да поставите некое прашање, прочитајте ги Често поставуваните прашања подолу. Ако сепак инате нејаснотии или ви треба помош да ја проследие трансакцијата, тогаш пишете на donate@wikimedia.org или јавете се на бројот +1-877-600-9454.

По дарувањето се појавува празна страница и не добивам благодарница по е-пошта

Овој проблем е познат за нашите техничари, кои моментално работат на него. Прилогот најверојатно е обработен, па затоа не треба да го повторувате. Треба да добиете благодарница за прилогот во рок од 3 работни дена. Ако ви треба итна сметкопотврда или ако не добиете благодарница по 3 работни дена, тогаш обратете се на donate@wikimedia.org.

Дали страницата е безбедна?

Местото за прилози за Фондацијата Викимедија е крајно безбедно и со него раководи Verisign Trusted. Откако ќе стиснете на плакат или врска за дарување, системот ве носи на безбедна страница (https); сите информации се шифрирани и со нив работиме по највисок стандард на заштита.

Го нема начинот на плаќање што го барам

Жалиме што моментално не можеме да ви го понудиме начинот на плаќање што го претпочитате; се надеваме дека во идните кампањи ќе имаме повеќе можности за плаќање и повеќе валути. Меѓутоа, би сакале да знаеме кој е вообичаениот начин на плаќање за Вас и Вашата земја - пишете ни и наведете ја земјата и начинот на плаќање. Ќе се обидеме да додадеме повеќе можности во блиска иднина. Во меѓувреме погледајте ги Начините на дарување за да погледате кои други можности ви се моментално на располагање.