Мисијата на Фондацијата Викимедија е да обезбеди можности и да ги вклучи луѓето ширум светот да собираат и разработуваат образовни содржини под [[:mk:слободна содржина|слободна лиценца]] или во јавна сопственост, и да го шират тоа знаење делотворно и глобално.
Во соработка со [[Локални ограноци|мрежата на ограноци]], Фондацијата овозможува основната инфраструктура и огранизациона структура за поддршка и развој на повеќејазични [[our projects|вики-проекти]] и други потфати кои ќе ѝ служат на мисијата. Фондацијата ќе создава и нуди полезни информации од нејзините проекти на Интернет [[:mk:бесплатно|бесплатно]], засекогаш.