Непрофитната Фондација Викимедија ја овозможува неопходната инфрастуктура за слободното знаење. Ние ја вдомуваме Википедија, слободната семрежна енциклопедија создадена, уредувана и проверувана од доброволци ширум светот, како и многу други проекти на заедницата од суштинско значење. Сето ова е возможно благодарејќи на доброволните прилози од поединци како вас. Секој што ја дели нашата визија е добредојден да ни се придружи во собирањето и споделувањето на знаење во кое наполно е застапена човечката разновидност.